Додека партиите зад затворени врати ги договараат следните потези, во политички и аналитички кругови флуктуираат неколку сценарија за излез од сегашната блокада- анализира DW

lideri-2

Неизвесно е преку какви активности ќе се бара излезот од ќорсокакот во кој одамна е влезен Договорот од Пржино, а од вчера и неформално запечатен со неизвесноста дали и кога ќе се одржат избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера најави дека по пошироки оштествени консултации ќе ги соопшти следните чекори што ќе ги преземе партијата. И во СДСМ ситуацијата е идентична. Додека двете партии зад затворени врати ги договараат следните потези, во политички и аналитички кругови флуктуираат неколку сценарија, за кои се смета дека би можеле да водат кон излез од кризата.

Три сценарија

Според политологот Ненад Маковиќ, грешката е направена уште кога опозицијата го прифатила Договорот од Пржино, со толку кратки рокови и преамбицозно поставени цели, кои не може да се постигнат во толку кусо време. Особено, што целите поставени во него се однесуваат на системски политички карктеристики, кои се менуваат со години и децении, но никако во рок од неколку месеци.
„Сега Заев и опозицијата станаа заложници на сопствената лоша проценка. Првата лоша проценка е дека само со ‘бомбите’ ќе успеат да го достигнат рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Втората лоша проценка е прифаќањето на формат на политичка игра од типот на Договорот од Пржино.
Епилогот е – сега Заев да биде единствениот кој не сака избори, свесен дека рејтинзите не се доволно блиску за политичката борба да биде воопшто интересна или неизвесна. Потпирањето на Специјалното обвинителство исто така може да се покаже како лоша тактика, а посебно по одбивањето на изборите во април“, оценува Марковиќ и посочува три сценарија:

1. Да се одржат избори без СДСМ и комплетно да се поништи целиот Договор. Тоа значи Груевски да се врати, да се врати стариот формат на Владата и да се укине Специјалното јавно обвинителство. Ова сценарио е најрадикалното.
2. Да се направат напори да се затворат, колку-толку, преостанатите отворени прашања и да се мотивира СДСМ да прифати избори. Ова ќе бара голем притисок од меѓународната заедница и големи и брзи отстапки на многу полиња.
3. Да се остават ‘придобивките’ на Пржино, а да се одржат избори без СДСМ. Оваа варијанта е најсигурна за Груевски. Од една страна ќе покаже добра волја да го почитува Договорот, а од друга страна ќе учествува на избори независно од противењето на Заев и СДСМ.

„Сепак, како најреално ми се чини второто сценарио. Одложување на изборите, по сѐ изгледа, не е опција во овој момент“, вели Марковиќ.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини