DW: Германскиот министер за одбрана го повика Доналд Трамп да пројави цврстина кон Владимир Путин.

од Vladimir Zorba

17410979_404

Германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лајен го повика новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп да заземе цврст став кон Русија, пренесе  Deutsche Welle.

“Трамп треба јасно да изјави на чија страна е: на страната на законот, светскиот поредок и на демократијата, или дека му е сеедно и ќе наметнува некакво машко пријателство”, рече министерот. Таа додаде дека во преговорите со Путин не треба да се заборави на анексијата на Крим или на бомбардирањето врз сирискиот град Алепо.

Урсула фон дер Лајен го повика Трамп да не се однесува кон НАТО како кон бизнис.

“Ова не е бизнис-потфат. Тоа не е случај, во кој може да се каже дека минатото не те интересира и да се гледа на тоа колку пари можат да се добијат и може ли да се добие со зделка. Така не се управува земја и тоа не е принцип на Алијансата “, истакна таа.

Слични содржини