Медиумските реформи се злоупотребени за тешка политизација и ако тоа не се запре, загрозени се и реформите и спроведувањето на Договорот од Пржино, предупредуваат експерти за Дојче Веле.

0,,16789146_303,00

Главниот резултат кој треба да произлезе од преговорите е слободата на медиумите, порача Европската Комисија, откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера попладне ги напушти преговорите за медиумските реформи и го обвини опозицискиот СДСМ за „фашизам и узурпирање на слободата на медиумите“.

„Нема да коментираме индивидуални изјави, но добро знаете дека ние ја поддржуваме слободата на медиумите. Работиме со многу земји во светот, вклучително и со ПЈРМакедонија, во однос на ова прашање. Исто така, ја знаете и последната состојба, која ја презентиравме во извештајот за напредокот на земјата“, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕК.

Битка за Агенцијата

Несогласувањата се најголеми околу составот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според предлогот на посредникот Питер Ванхауте, седумте члена треба да ги бира Собранието по пат на јавен оглас, а тие треба да имаат писмо за поддршка од најмалку две невладини организации, новинарски здруженија или два универзитета; да поминат низ јавно сослушување; да имаат мандат од пет години со право на еден реизбор; директорот на Агенцијата да го именува Советот и да има извршна функција, односно да ги спроведува одлуките на Советот. Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека составот на ова тело треба да биде проширен, а по еден член да предложат и МПЦ, ИВЗ, претседателот на државата и Комисијата за заштита од дискриминација. Од СДСМ, пак, тврдат дека моделот предложен од Ванхауте во најголема мера е во согласност со нивните предлози. Според експертски извори упатени во преговорите, битката на ВМРО-ДПМНЕ не е за никакви стандарди, туку исклучиво за зачувување на нивното партиско влијание и контрола во Агенцијата и МРТВ, каде се поставени „тврди партиски решенија“ што на никаков начин не е во корелација со европските стандарди. Но токму обидот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да укаже на досегашните политички влијанија врз медиумите, дополнително ги зголеми тензиите поради употребените квалификации од негова страна.

„Зависноста на медиумите и малите деца знаат од кој е: од страна на извршната власт. Продолжуваме со борбата да исполниме важен критериум без кој нема фер, регуларни и демократски избори. Во моментот, став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и МРТВ. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои меѓу другото се финансирате делумно и од пари на граѓаните“, рече Заев.

По оваа изјава, уредниците на споменатите медиуми побараа да прекинат преговорите за медиумите.

„Згрозени од денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ги нарече нашите медиуми најголеми политички противници бараме итна средба на која што ќе ги изнесеме нашите ставови во врска со грубиот напад и навреда која што доаѓа од политичка партија која во претходните изјави на нејзини високи претставници се залага за деполитизација и европеизација на медиумскиот простор. Воедно бараме императивно да прекинат преговорите за Законот за медиуми се додека актуелната владејачка гарнитура во редовите на СДСМ ја врши оваа функција“, се вели во соопштението потпишано од пет главни уредници – Лидија Богатинова од Канал 5, Драган Павловиќ од Сител, Коле Чашуле од Алфа, Дарко Јаневски од Дневник и Диме Ратајковски од МРТВ.


Screenshot_21

Опасна политизација

Во ваква ситуација, медиумски експерти не сакаат да зборуваат за предложените реформи, се додека „не се симне од сцена политизацијата што ја покри оваа важна тема“.

„Што и да се каже во овој момент е бесполезно, бидејќи во моментов реформите се вовлечени во тешка политизација, па каква било стручна сугестија може да биде злоупотребена во истата насока. За да се избегне натамошна ескалација, нивото на стручна дискусија мора да добие примат, а да бидат исклучени дневните меѓупартиски пресметки. Во спротивно, не само што нема да има амбиент за конструктивни разговори, туку оваа тема ќе го доведе во прашање и спроведувањето на Договорот од Пржино“, вели медиумски експерт кој учествуваше во консултативните средби за медиумските реформи во Клубот на пртатениците.

Таква политизација веќе доживеа изјавата на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, дека не е работа на Заев да дава оценки за работата на медиумите и дека членовите на СДСМ треба да размислат дали тој ќе им биде лидер.

„Наместо принципиелно да ги застапува 324837-naser-selmani-samo-kuka-i-pluka-znm-se-posramoti-srede-briselинтересите на новинарската заедница во прeговорите, претседателот на ЗНМ си дозволува да дава паушални политички квалификации што се непримерни за првиот човек на респектабилна организација како што е Здружението на новинари на Македонија“, реагираа од СДСМ. „Потребно е новинарската заедница и јавноста да дознаат зошто претседателот на ЗНМ повеќе не инсистира новинарите, медиумите и еснафските здруженија да бидат дел од преговарачкиот процес“, праша опозициската партија, потсетувајќи дека токму катастрофалната состојба во медиумите и диктатот на власта врз голем дел од медиумите, е причина за преговарачкиот процес со меѓународно посредништво.

Ванхауте: Потребни се европски стандари

Со реакција вчера се јави и ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека нема да дозволи СДСМ да ја узурпира и укинува слободата на медиумите и да дејствува спротивно на сите европски стандарди.

„Немањето основен демократски и плуралистички капацитет е проблем само на Зоран Заев и СДСМ, и срамот од ваквото дејствување ќе го сносат само тие. Фашистичкиот предлог на Закон за медиуми кој е произлезен од тоталитарниот ум на Зоран Заев кој денес го виде целата јавност, нема да го види светлото на денот. Заев вели дека медиумите биле непријатели на СДСМ и затоа партијата требала да се пресмета со нив. Му порачуваме на Зоран Заев дека се наоѓа во погрешно време, во погрешна држава и во погрешна реалност“, се вели во партиското соопштение.

Европскиот посредник Ванхауте вчера порача дека сите треба да ги прифатат договорените европски стандарди кои се однесуваат на медиумите.
„ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите, ја разбирам нивната лутина и фрустрација, но ние се согласивме да ги прифатиме европските стандарди кои се однесуваат на медиумите. Според тоа, секој треба да ги прифати овие договорени стандарди и од тоа всушност зависи иднината на медиумите. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на преговарачката маса и ќе постигнеме согласност“, изјави Ванхауте за НОВА.

Партиите засега се далеку од договор. Два пати ги пробија роковите, а по вчерашното напуштање на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сосема е неизвесно е дали тие воопшто ќе продолжат. /DW

Слични содржини