DW: Новиот претседател на Јужна Кореја изрази подготвеност да го посети северниот сосед

од Vladimir Zorba

Новиот претседател на Јужна Кореја Мун Џеј-ин, кој се залага за ублажување на курсот кон Пјонгјанг, е подготвен да ја посети Северна Кореја, ако за тоа постојат “соодветни услови”.

Ова го изјави поранешниот лидер на демократите во својот говор на церемонијата за полагање на заклетва во зградата на јужнокорејскиот Парламент, пренесува Deutsche Welle.
“Ќе се направам се што е во моите сили за да донесам мир на Корејскиот полуостров”, увери Мун Џеј-ин. “По потреба веднаш ќе отпатува за Вашингтон, ќе одам во Пекинг и Токио. Ако постојат и соодветни услови, ќе одам и во Пјонгјанг “, увери новиот претседател на Јужна Кореја.

Слични содржини