очнува расплетот на македонскиот гордиев јазол, со помош и во координација меѓу Брисел и Вашингтон. Ова стана јасно откако излезот од политичката криза во Македонија, преку спроведување конкретни обврски од Договорот од Пржино, ја изгуби динамиката, а во декември речиси целосно беше блокиран, пишува Дојче веле.

bajden-gruevski-670x308

Така, нереализираните обврски го дочекаа и рокот, до кој премиерот требаше да се повлече од функцијата, за да може до 15 јануари, односно 100 дена пред изборите закажани за 24 април, да се формира техничка влада. Таа „блиска средба“ меѓу незавршените реформи, (не)повлекувањето на премиерот и инаугурирањето влада со технички мандат да ги спроведе изборите, во декември го вклучи алармот кај гарантите на Договорот од 2 јуни/15 јули. Денеска во Скопје доаѓаат тројцата европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, кои беа првите посредници во барањето решенија за излез од кризата. Освен одвоени средби со лидерите на партиите – потписнички на Договорот, тие ќе имаат средба и со специјалната обвинителка Катица Јанева и со претставниците на Државната изборна комисија. Нивната посета е еден вид претходница на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во средината на месецов ќе дејде во „инспекција“ на реализацијата на Договорот и на Итните реформски приоритети што ги препорача Европската Комисија.

СДСМ сака да разговара за одложување на изборите, ама нема со кого

Без мистификации

Но, она што предизвика најголем интерес, е денешната посета на премиерот Никола Груевски на Вашингтон, каде тој ќе се сретне со американскиот потпретседател Џозеф (Џо) Бајден. За посетата на Белата куќа Владата не даде никакво соопштение, па дури и премиерот за целта на посетата медиумите ги упати на информацијата што ја објави државната информативна агенција, МИА. Во неа се наведува дека посетата е „во функција на интензивирање на билатералните односи и меѓусебната соработка“ и дека теми на разговор меѓу Груевски и Бајден ќе бидат „активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработката, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО“.

Политичките аналитичари се сомневаат дека во овие клучни денови за Македонија, Бајден и Груевски ќе разговараат за унапредување на билатералните односи. Претпоставките околу мотивите за средбата се движат во екстреми – од нова отворена поддршка за политиката на Груевски, преку длабоко условена поддршка, па се до „катил ферман“ за неговата авторитарна власт.

Странски дипломати во земјава кои се упатени во досегашните преговори за излез од кризата, сметаат дека „не треба да се прават никакви мистификации“.

„Одговорност за излез од кризата имаат сите политички субјекти, но најмногу власта. Секогаш и секаде, власта по дефиниција е главната ‘адреса’, главниот соговорник за разговори и од неа се очекува да направи максимум“, велат воздржано.

Целата анализа на Катерина Блажевска за Радио Дојче Веле прочитајте ја тука.

Слични содржини