Враќањето на меѓупартискиот дијалог беше иницирано од германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, а се очекува деновиве да го реализираат лидерите на големата четворка– пишува DW.

0,,18551004_303,00

Во почетокот на наредната недела можно е повторно на преговарачка маса да седнат претставници на четирите партии – потписнички на Договорот од Пржино. Засега е неизвесно дали тоа ќе биде средба на лидерско ниво или во почетокот мразот ќе го кршат втори ешалони на партиските тимови, во обид да ја договорат рамката за преговори. Враќањето на меѓупартискиот дијалог беше иницирано од германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, кој неделава имаше поединечни средби со лидерите на големата четворка, кои имаат обврска и потреба да направат конкретни чекори за брза реализација на таа иницијатива.

Платформата врз која треба да се водат преговорите не е непозната. Тоа се нерешените прашања кои го блокираа излезот од кризата во целата измината година, а Хајндл пред заминување од Скопје генерално ги систематизираше во три точки. Првата обврска, која по изјавата на Хајндл создаде одредени дилеми по прашањето дали повторно ќе се влегува во истата грешка – да се „бетонира“ изборен датум пред да се исполнат условите за избори, јасно беше разрешена и прецизирана во соопштението на германското МНР: партиите да ги создадат сите неопходни услови за одржување слободен и фер изборен процес, а потоа да договорат и датум за избори. Второ, на СЈО мора му се обезбеди да ја врши својата работа без никакви опструкции и трето, партиите итно да се договорат за имплементацијата на реформските приоритети кои се предвидени со Пржинскиот договор, а нотирани во Извештајот на Прибе.

Потврда дека нема никаква дилема по првото прашање, стигна и од Јосип Јуратовиќ, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот.

„Овојпат не се поставени цврсти рокови, затоа што двапати веќе пропаѓаа. Мора да се врши притисок од сите страни, без да се наведува датум, за сето ова да се спроведе што е можно побрзо и да може да се одржат избори најбрзо што е можно“, изјави Јуратовиќ за Дојче веле.

0,,19277064_401,00
Враќањето на меѓупартискиот дијалог иницирано од Јоханес Хајндл

Многу работа по изборите

За брзи и регуларни избори, најдоцна до крајот на октомври или почетокот на ноември, со претходно исполнување на неколку услови, неделава се заложи и лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Но, со оглед на кусите рокови за спроведување на елементарните предуслови за фер-избори наесен, во јавноста пораснаа стравувањата дека опозицијата ризикува да влезе во процес кој повторно ќе ги легитимира оние кои придонесоа за создавање и кулминирање на кризата.

„Потребни се темелни реформи, а не брзи избори“, е ставот на опонентите на идејата за избори наесен, со аргументација дека во општество во кое партизираноста е метастазирана до невидени размери, изборите сами по себе не може да донесат излез од кризата. Впрочем, токму необезбедувањето на условите за фер-избори, досега беше причина тие двапати да се одложат.

Но, во опозицискиот СДСМ велат дека е илузорно да се очекува дека институциите ќе се деконтаминираат до избори, и сметаат дека таа обврска ќе мора да ја преземе идната влада. Ваквиот став го образложи заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во интервју во емисијата „Вин-вин“.

„Каква е гаранцијата дека ако имаме подолг процес на реформи, дека изборите на крајот од тој процес ќе бидат фер и демократски? Никаква! Знаејќи го менталитетот на актуелната власт, тоа значи дека од денеска до два месеца пред избори ќе се заборави сѐ, па шеесет дена пред избори ќе почнеме да разговараме ‘ајде нешто да залепиме’. Тоа не е опција. Второ, нема многу алтернативи како би се решило сето ова. Ги читам сите критички тонови кои се резултат на лошото искуство досега, но ретко слушам – ‘ова би била алтернативата’! Дури и да имаме експертска влада кој ќе биде одговорна пред својот интелектуален и морален лик и минат труд, и таа ќе зависи од Собранието што ќе го води Трајко Вељаноски, а во кое клучните одлуки и комисии се доминантно окупирани од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, само ќе создадеме фрустрација која ќе трае уште една година“, образложи Шекеринска.

Според неа, премногу време се троши на прашањето „брзи или бавни избори“, а многу помалку на тоа што треба да се случи до моментот на избори.

„Ако бараме дотогаш да се прочистат институциите, да не се лажеме – тоа нема да се случи до изборите! Нам по изборите ќе ни треба влада која е буквално подготвена да плати многу голема цена за престројување на државата и за средување на состојбите по сите тектонски пореметувања“, вели заменик-претседателката на СДСМ.

Повеќе ТУКА

Слични содржини