Избирачкиот список кој беше поставен на веб-страницата на Државната изборна комисија веќе неколку дена не е активен, односно не се отвора.

Опцијата со која граѓаните можеа да проверат дали ги имана списокот и на кое избирачко место гласаат, сега не е достапна. Доколку се кликне на местото за проверување на списокот, страницата се пренасочува кон официјалната страница на ДИК.

dik-izbiracki-spisok

Списокот на страницата на ДИК беше доставен од страна на Државниот завод за статистика на 25 јануари оваа година.

Ова се случува неколку дена откако се појави информација од Калина Зографска, компјутерски инжињер, која на својот блог тврди дека со избирачкиот список е направен превид што го остава списокот 100 проценти отворен за преземање, заедно со сите лични податоци на сите граѓани.

– Матичен број, име и потесен регион на живеење се достапни, за само малку играње со код и со податоци. Ова остава простор за со погодување на нечиј МБ да се добијат податоци за живеење, бизниси да таргетираат возрасни групи, да добијат информации со место на живеење на сите нивни потенцијални клиенти, а партии, лоби и бизнис-групи да имаат копија од избирачкиот список и да прават таргетирано и персонализрано комуницирање со гласачите – вели Калина на својот блог.

Роми бараат “топол дом” пред Владата, специјализантите бараат плата и права пред МЗ

Билјана Јовановска, портпаролката на ДИК, пак, вели дека тоа што пристапот до избирачкиот список не функционира е моментална состојба, најверојатно поради проблем со интернетот.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, пред неколку дена рече дека сè уште не се знае кога ќе почне вкрстената проверка на списокот затоа што досега имаат склучено меморандум за соработка со четири државни институции. Чичаковски рече дека досега се подготвени интерни процедури за заштита на лични податоци. Исто така, биле ангажирани и пет ИТ-консултанти, од кои четири се именувани од политичките партии и еден меѓународен експерт, кој е тим-лидер. Чичаковски кажа дека имаат и простории во кои ќе можат да се вршат проверките. Тој рече дека во просториите има вграден систем за информациска безбедност, видеонадзор и блокатор на радиофреквенции.

Тој додаде дека откако ќе почнат со вкрстената проверка и ќе видат уште колку работа им останува, ќе можат да дадат реална прогноза за тоа дали изборите можат да се одржат на 24 април.

ДИК на втори февруари го усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и за бришење на податоци во избирачкиот список. Одлуката на ДИК дојде по добиената писмена согласност од четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино.

 

МЕТА

Слични содржини