Џенифер Лопез се појави со нејзиниот дечко Каспер Смарт на прошетка во парк со нивните две кучиња, два дена откако нејзиниот бивш Бен Афлек соопшти дека ќе се разведува со Џенифер Гарнер.ff5ef89dc74bf69fa5263f2e26333f43

Жолтите медиуми веднаш објавија дека во основата на разделбата на Афлек и Гарнер стои неговото пријателство со Џеј Ло.

Таа повеќе пати изјавувала во интервјуа, дека Бен ѝ го скршил срцето пред 12 години, кога изненадувачки ја растури свршувачката  и започна врска со другата Џенифер. Очигледно, сепак 45-годишната Лопез е среќна во прегратките на 28-годишниот Смарт и воопшто не се возбудува од брачните проблеми на Афлек.

Џенифер и Каспер се заедно три години, но се разделија за кратко минатото лето, откако се појавија гласини дека тој  ја изневерил со транссексуалец-маж.

Неодамна кореографот изјави во интервју дека со Џеј Ло се многу блиски и дека се најдобри пријатели, без да прецизира дали повторно се смириле.

Самата Лопез неодамна изјави дека се лути на критиките дека излегува со 18 години помлад маж. Таа рече: “Сите стари клишеа за жените треба да бидат укинати. Наша работа е дали ќе излегуваме со многу помлади, или со многу постари мажи. “

Слични содржини