Актерот Џерард Батлер е на пат да заврши со ергенскиот живот, тврди MailOnline.Девојката на ѕвездата Морган Браун е забележана со огромен дијамантски прстен на десната рака и според медиумот тоа е доказ дека убавецот ѝ предложил брак.8767e6d4ea4563794e77a009245c11b2

Двајцата се заедно од минатото лето, но нивната врска брзо стана сериозна. Во декември тие дури решија да живеат под еден покрив.

“Тој веќе е маж на една жена. Само што се преселија заедно и следниот чекор е брак “, издадоа пријатели на актерот кон крајот на минатата година.

Батлер и Браун за првпат ја открија нивната романса во ноември, но папараците ги уловија интимни на калифорниска плажа два месеци порано.

Актерот, кој беше сметан за еден од најголемите холивудски плејбои, често коментираше дека не може да си најде жена и изгледа пребарувањето е завршено. Од кругот на ѕвездата издадоа дека тој е многу среќен и нема ништо чудно наскоро да позира со бурма на прстот.

Слични содржини