Неодамна Џиџи Адид се раздели со музичарот Џо Џонас, со кого имаше врска во текот на половина година. Сега пак се зборува дека убавицата излегува со друг пејач – Зејн Малик.437e513a35c7009a3cb6c126ea4a7d91

Каква и да е вистината, сепак, моделот изгледа среќно во прегратките на друг – трет маж. Новата “љубов” на русокосата е само идеја, поврзана со последната фотосесија со учество на преубавата Американка.

Џиџи позира за новиот број на списанието Vogue, САД. До неа пак гордо застанува актерот Домнал Глијсон кој добро го познаваме од трилерот “Ex Machina” (со учество и на шведската ѕвезда Алиша Викандер).

Фотографиите на Џиџи и партнерот Домниал биле снимени од познатиот моден фотограф Марио Тестино.

На еден од кадрите моделот и холивудски актер дури и се бакнуваат, што дефинитивно може да го наречеме“провокативно” и “интересно решение”.

Нема како да не го одбележиме и речиси природниот изглед на Американката, која оваа година за прв пат беше дел од модна ревија на Victoria’s Secret.

За да ја видите љубовната фотосесија со учество на Џиџи Адид и Домнал Глијсон, проверете ја нашата галерија.

Слични содржини