Политичарите треба да покажат  волја да создадат услови со кои ќе го  поддржат новинарството, правото  на критика. Новинарите пак треба да се солидаризираат, а не да почнат да издаваат лиценци за новинари , тоа е ужасна идеја, вели во интервју заТелма  американскиот професор по новинарство, Џон Овен.

медиуми

Џон Овен: Би било погрешно доколку се смени власта, јавниот сервис да биде под влијание на оние што биле во опозиција. Затоа е потребна целосна трансформација, така што оние кои ќе работат на промовирање на вредностите на јавниот сервис да бидат јасно независни и без директно мешање на државата. Сите јавни сервиси, било ЦБС, каде што работев, или Би-Би-Си, се под влијание на државата, не е возможно да не бидат заради начинот на финансирање, приоритетите, изборот на управните одбори,  секогаш ќе има некакво влијание. Но по традиција и со репутација секогаш треба да барате да се работи независно.

Тој им порачува на новинарите и на сопствениците на медиумите дека треба да се изборат за условите  во кои одговорно ќе ја работат  професијата. Но никако со издавање лиценци за новинари.

Џон Овен: Лиценцирањето е ужасна идеја. Никаде во светот не сум видел тоа да биде решение. Тоа е најлошото можно решение за се што има врска со  новинарството. Тоа го има каде е најлошо во новинарството, во Африка, или во делови од поранешниот Советски Сојуз, тоа е едноставно е неприфатливо и се оградувам од од било кој аспект. Пред се, кој ќе лиценцира, кој ќе каже кој е новинар?

Овен во моментов  раководи со Фронтлајн во Лондон, а во својата богата кариера бил уредник во канадски Си-Би-Ес, Ал Џезеира, прв човек на Фридом форум за Европа, а деновиве во Скопје разговараше со новинарите и сопствениците на медиуми за промените во медиумскиот простор за кои во моментов преговаарт политчарите.

Интервјуто во целост прочитајте го тука

Слични содржини