Пред неколку години Џулија Робертс беше прогласена за највисокоплатената актерка во светот, откако доби 20 милиони долари за улога во лентата “Ерин Брокович”.69556a0b4c75311a96243b71c9a6b262

На 48 години добитничката на “Оскар” продолжува да биде барана од продуценти и режисери, а актерскиот нејзин талент е високо ценет. За краткото учество во филмот “Денот на мајката” шармантната убавица прибра рекордни 3 милиони долари, а била ангажриана само за 4 дена.

Лентата е веќе на големиот екран и уште во првиот викенд успеа да донесе  8,3 милиони долари. Во неа Робертс се здружи со Џенифер Анистон, Џејсон Садејкис, Кејт Хадсон и куп други ѕвезди.

Неодамна Робертс изјави дека била изненадена на сетот од сопругот Дени Моудер.

“Бев во Нов Зеланд на снимање и со Дани си зборувавме на Facetime, кога тој ми ги покажа трите деца, кои ме чекаа во хотелската соба. Тогаш сфатив дека моето семејство е во градот и е дојдено да ме изненади. Бев толку засрамена, бидејќи за таа улога носев перика “, изјави актерката, цитирана од Female First.

Џулија и Дани се венчаа во 2002 година откако се запознаа за време на снимањето на лентата “Мексиканецот”.

Слични содржини