CD08BE74-9D57-4735-8C44-4BBDF7D3EBA4_w308_h173
Унгарија за изградба на ѕидот долж границата со Србија ќе потроши околу 20 милиони евра, изјави денеска пратеникот и потпретседателот на Комитетот за надворешни работи во унгарскиот Парламент, Мартон Ѓенѓеши.

– Во оваа сума спаѓаат само материјалните трошоци за изградба на ѕидот. Владата најави дека во изградбата ќе учествуваат и затвореници и невработени лица, но конечните трошоци ќе бидат многу поголеми, смета Ѓенѓеши.

Пратеникот на екстремно десничарската „Јобик“ истакна дека неговата партија сака воведување гранична стража, наместо полицијата која ја надгледува границата./МИА

Слични содржини