ДЗЛП лани повела 23 постапки за објавени слики, плати и ЕМБГ во медиуми

од Vladimir Zorba

Дирекцијата за заштита на личните податоци во изминатата година повела постапка за вкупно 23 предмети при надзор во медиумите, а пет од нив се сè уште во тек. Од почетокот на 2017 година, Дирекцијата почнала три инспекциски надзори во два медиума, велат од ДЗЛП за „Мета“.

При инспекцискиот надзор утврдено е дека биле објавени фотографии на малолетно дете, биле објавени лични податоци (име, презиме, возраст, град на живеење) на подносителите на барањата за утврдување на повредата, износ на приходи, односмо хонорари, потоа матични броеви, како и копија од патна исправа.

„Во однос на утврдените повреди, во дел од постапките во тек се прекршочни постапки пред Комисијата за одлучување по прекршок на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Воедно, во четири предмети донесени се заклучоци за одбивање на барањата за утврдување повреда на правото за заштита на личните податоци. За два предмети се води постапка пред Виш управен суд“, велат од ДЗЛП за „Мета“.

Дирекцијата за заштита на лични податоци пред два дена преку соопштение информираше дека минатата недела добила повеќе иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми, односно информативни интернет-портали, „заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци“./извор Мета

Слични содржини