Неодамна Џејмс Франко даде интервју за списанието FourTwoNine, каде го изјави следново: “Јас сум геј само во уметноста!” Не е јасно дали сепак светот му поверува.
Во секој случај ексцентричниот актер ќе се бори со сомнежите за својата сексуалност уште долги години.
Можеби една од причините е што самиот тој на неколку пати играл хомосексуален маж на екранот (во филмовите “Milk” и “I Am Michael”) .
Ориентацијата на чудниот 36-годишен Франко ќе остане мистерија, бидејќи тој нема типично машко однесување, а освен тоа нема ништо против луѓето да го сметаат за геј и воопшто не се труди да им го докажува спротивното.
Сепак, ако погледнеме наназад, ќе видиме дека актерот имал неколку сериозни врски само со жени – со Ешли Бенсон, Марија Соколоф и Ана О’Рејли. Освен тоа неодамна Линдзи Лохан се пофали дека имала секс со Франко.
Разгледајте ја галеријата и погледнете кои се другите 10 личности, кои не можат да ги запрат геј гласините на своја адреса: