Дојде и последниот ден. Според пропагандата  на владините мегафони преку суноќешните жалопојки  на вести- денеска ВМРО ДПМНЕ ќе стават параф и на делот за изборни правила од  договорот за Пржино- се разбира на крајот на тајмингот.

DB5AECEB-3CF8-4DAC-8C25-55F7E593BDB0_w308_h173

Денеска, според очекувањата, би требало да биде „клучниот ден“ за потпис за постигнување  договор за изборните правила , или повторно како со законот за специјалниот обвинител ќе им биде испорачан пакетот за кој очигледно  дека двете страни ќе бидат соглсни , бидејќи  сами немаат капацитет-воља да стокмат правила на игра. Вчера не дојде до заедничка средба меѓу претставниците во работната група на која се расправа за гласањето на дијаспората, начинот на прочистување на избирачкиот список и решавањето по приговорите на одлуките на Државната изборна комисија.Имаа  само повремени поединечни средби  со Питер Ванхојте.rabotni_grupi_1

Најверојатно договорот ќе биде , за овие избори дијаспората да биде исклучена, истиот модел 6 единици со полуотворени листи, итно чистење на избирачкиот список и ДИК со  9 члена, од кои тројца ќе предложи власта, тројца опозицијата, а тројца ќе бидат експерти.орган ќе одлучува пожалбите на одлуките на ДИК. Органот кој ќе одлучува по жалбите на ДИК најверојатно ќе биде  Управниот суд , а се тоа потоа ќе се влече за да биде потврдено на Собрание на РМ, за да се потроши  уште време од онаа за чистење на избирачкиот список.

Следниот рок кој е предвиден во договорот од Пржино е 20 октомври за избор на двајца министри и тројца заменици по предлог на СДСМ и двајца заменици по предлог на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини