Ед Шииран откри дека се разделил со неговата девојка Атина Андрелос за време на интервју за австралиско радио.Пејачот и веќе неговата поранешна сакана беа во врска во текот на една година .701037fe903f3dcb0120013331084296

24-годишниот музичар всушност сподели дека е сингл околу еден месец, бидејќи неговиот однос со Атина завршил малку по наградите Брит кон крајот на февруари.

Се вели дека Ед и неговата поранешна девојка се разделиле токму заради неговото однесување по британските музички награди . Папараци го фатија Ед во видливо непристојно издание по крајот на афтерпартито.

Извор издаде пред списанието Heat:“Последната капка беше афтерпартито.Тоа беше комбинацијата на премногу алкохол, кој Ед го испи и фактот дека не можеше да се справи со една девојка која цела вечер го влечеше “ .

Атина и Ед; Фото: Instagram

Во денот по наградите Брит, Атина го однесе пејачот до аеродромот и двајцата се договориле да земат одмор . “Не станува збор за неговата слава, туку за тоа како тој се однесува со другите луѓе, со девојките” , додал изворот.

Пред некое  време Ед Шииран излегуваше со Ели Голдинг , но врската заврши лошо, веројатно поради неверство од страна на пејачката . Се вели дека музичарот имал љубовни односи и со Тејлор Свифт.

Слични содржини