Еден гол на Талески во победата на Рајн Некар Левен над Висла

од Vladimir Zorba

  Екипата на Рајм Некар Левен, во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Филип Талески, ја забележа првта победа во ракометната Лига на шампиони.

Германскиот тим пред својата публика го совлада составот на Висла Плоцк со 31-27, полувреме 13-13, во воведниот меч од 2. коло на елитното натпреварување.

Талевски имаше мала минутажа, а за времето кое го мина на теренот постигна еден гол од два упатени удари кон противничкиот гол.

Инаку, ова е меч од групата А во која настапува и македонскиот и актуелен европски шампион Вардар, кој в сабота во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на францускиот Нант.

Во оваа група уште ќе играат и Барселона – Кристијанштад и ППД Загреб – ПИК Сегед./МИА

Слични содржини