Еден импресивен часовник ви го носи сончевиот систем на зглобот

од Vladimir Zorba

Убавиот часовник по дизајн на Van Cleef & Arpels е нешто во кое ќе се заљубат сите, фасцинирани од пространоста на вселената и магијата на Сончевиот систем.

Пред сè, часовникот е покриен со злато и сафири кои го пресоздаваат движењето на шесте планети околу сонцето и нивната состојба во секој момент што всушност прави часовникот да отчукува.

Земјата, Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн се движат, благодарение на самонавивачки механизам кој содржи 396 одделни делови, од кои секоја работи во полна синхронизираност со останатите.

Можеби највпечатливо од сè е дека движењето на секоја планета на часовникот кој одговара на оној на реалната планета во Сончевиот систем. Така на пример на Сатурн ќе потрае 29 години, за да направи полн круг околу Сонцето, на Јупитер – речиси 12 години, на Марс – 687 дена, на Земјата – 365 дена, на Венера – 224 дена, а на Меркур – 88 дена.

Сето ова, сепак има и своја цена, која е далеку од мала – 150 илјади фунти. Или заштеда за неколку светлосни години.

Во галеријата може да го разгледате и часовникот кој дефинитивно не е од овој свет.

Слични содржини