Еден од најголемите современи актери нема да игра повеќе

од Vladimir Zorba

Родениот на 29 април 1957 година во Лондон британски актер Даниел Деј-Луис се пензионира, објави списанието “Варајати” цитирајќи ја портпаролката Лесли Дарт. Пред Варајати таа рече дека Даниел Деј-Луис “нема повеќе да работи како актер”, пренесе АФП.

Човекот со трите “Оскари”, познат како бескрајно пребирливиот актер одлучи да ги прекине актерските настапи по доволно високи признанија. Тој има три “Оскари“ за најдобра машка улога за филмовите “Мојата лева нога” од 1989 година, “Ќе се лее крв” од 2007 и “Линколн” од 2013.

Добива и награди “Златен глобус” за “Ќе се лее крв” и “Линколн”, како и БАФТА за играта во “Мојата лева нога”, “Бандите на Њујорк”, повторно “Ќе се лее крв” и “Линколн” .

Во сите улоги кои ги избира сам од стотиците предлози, Даниел Деј-Луис игра брилијантно и со своите извонредни инкарнации ја стекна почитта на критичарите и колегите, како и восхит на филмската публика.

Слични содржини