Еди Рама, победи и на фб напиша: “75+ е ремек дело на граѓаните”

од desk3

Левата коалиција “Албанија, која ја сакаме” на чело со премиерот Еди Рама победи со големо мнозинство на вчерашните парламентарни избори, покажуваат првите неофицијални резултати. За неа гласале 49,62% од учесниците во гласови, или  76 места во 140-члениот парламент. Тоа и овозможува да формира самае влада.

Следува десната коалиција “Нова Република”, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша со 28,56 отсто – тоа значи 41 пратеници. Трета е партијата Движење за социјалистичка интеграција, за која гласале 14,95% од гласачите. Претходниот лидер на оваа партија е сегашниот претседател Илир Мета. Двајца пратеници ќе има Партијата за правда и единство и еден Социјалдемократската партија. На својата страница на Фејсбук победникот Еди Рама напиша “75+ е ремек-дело на граѓаните”. Вчерашните избори беа одбележани со најниска излезност во современата историја на земјата. Албанскиот електорат брои 3 451 896 граѓани, од нив право на глас упражниха 45,17 отсто. На претходните избори активноста беше 53 отсто.

Слични содржини