„Единствена Македонија“: Кога Заев веќе тргнал да го менува името на автопатот, му предлагаме да се вика „Геноцид“

од desk2

„Единствена Македонија“ е длабоко изненадена од определбата на Заев за повторно враќање на штетната тактика на екстремна кооперативност во спорот за името што ја применуваше поранешниот претседател Киро Глигоров.

Да потсетиме, Глигоров во спорот за името по налог на странците брзопотезно се согласи со промена на Уставот во 1992, промена на името во 1993, промена на знамето во 1995, мислејќи дека така ја импресионира европската јавност, но, Македонија повратно немаше никаква корист иако практично ги потроши клучните адути во спорот за името.

Вчера, во Давос, Швајцарија, Заев тргна по стапките на Глигоров и брзопотезно се согласи за промена на името на аеродромот, автопатот… а за возврат отворено мајтапење од грчкиот премиер Ципрас кој ќе се смилувал и ќе покажел добра волја штом Заев на своевиден начи призна дека сме грешеле во изминатите 27 години со инсистирањето да бидеме Македонци.

Значи, од Македонија повторно отстапки и спремност за промена на името, а од Грција добра волја.

Оттука, кога Заев веќе тргнал да го менува името на автопатот, „Единствена Македонија“ му предлага да се вика „Геноцид“ како име за пат кој поминува и низ места во Беломорска Македонија каде се врши етничко чистење на Македонците во последните два века.

„Единствена Македонија“ му порачува на својот народ дека овие антицивилизациски и антимакедонски отстапки во изминатите 27 години ќе станат безпредметни со зачленувањето на Македонија во Евроазиската унија и воспоставувањето на стратешко партнерство со Русија каде не се доведува во прашање македонскиото име и идентитет, туку истите се почитуваат“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Слични содржини