Руската владејачка партија „Единствена Русија“ (ЕР) потпиша вчера Декларација за соработка со претставници на политички партии од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Бугарија, со која потписниците се залагаат за формирање воено неутрална територија на Балканот.пут

Потписниците на декларацијата укажуваат дека во рамки на намалени меѓународни тензии, посебно значење за ЈИЕ претставува развој на иницијативата – „низа балкански политичари за формирање територија на суверени и неутрални држави, во кои би биле Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ“, се наведува на сајтот на ЕР.

„Тој проект има за цел да стане стратешки, регионална доктрина и во иднина да биде инкорпориран во општоевропски разгледувања за нова континентална архитектура на безбедноста“, наведува партијата.

Потписниците на декларацијата изразуваат неопходност од барање заеднички „вонблоковски решенија“.

Во декларацијата се истакнува интерес за развојна соработка на балкански држави со земји од Евроазискиот економски сојуз, како и ширење соработка во трговско-економска, финансика, енергетска и други сфери.

Декларацијата од руска страна ја потпишал Сергеј Железњак, висок претставник на ЕР, на маргините на 15. Конгрес на партијата во Москва.

Во соопштението не се наведува кој ја потпишал декларацијата од балканскиот регион/МИА

Слични содржини