Eдмонд Адеми: Пратениците не заседаваа, првата плата да ја донираат за сиромашните!

од Vladimir Zorba

Едмонд Адеми, висок функционер во СДСМ и член на Извршниот комитет ги повика сите ново избрани пратеници, платата која не ја заработиле да ја донираат за сиромашните. Еве што напиша Адеми:

Наскоро изминуваат 30 дена од конституирањето на Парламентот. Бидејќи за овие 30 дена пратеници не заседаваа, чесно е првата плата, сите 120 пратеници, да ја дадат/донираат на сиромашни семејства, а ги има многу, кои во овие екстремно ладни зимски денови поминуваат низ тежок период. Ова секако нема да им го реши проблемот, но верувам колку толку ќе го ублажи.

Слични содржини