Денеска навршува една година од првата „бомба“ која во рамките на проектот „Вистината за Македонија“  ја објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Во првите снимки што Заев ги објави беа разговорите од него и од новинарка која прашува за буџетот на Општина Струмица, со неговата ќерка и разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески.

DSC_0112-860x680

На првата прес-конференција, на која Заев почна да ги објавува разговорите, обелодени дека поседува повеќе од 20.000прислушувани материјали. Како што изјави тогаш лидерот на опозицијата, прислушувани биле и новинари, членови на опозицијата, но и на власта и на владејачката коалиција.

Една година подоцна, сите разговори се предадени во Специјалното јавно обвинителство формирано со политички договор на четирите најголеми партии.

Специјалната обвинителка Катица Јанева има рок до 15 март да го поднесе првото обвинение за овие случаи.

Заев е обвинет за случајот „Пуч“, а во Собранието е формирана и Анкетна комисија за прислушуваните разговори, која треба да го расветлува случајот со прислушуваните разговори и со криминалот што произлегува од овој случај.

Веќе неколку месеци работата на оваа комисија е блокирана затоа што ниту еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ не сака да сведочи јавно.

 

META

Слични содржини