Една од ќерките на Адриана Лима сака да биде модел

од Vladimir Zorba

Адриана Лима рече дека ќе ги поддржи нејзините ќерки ако ги следат нејзините чекори и сакаат да бидат модели, и дека едно од нејзините деца веќе покажало сличен интерес. Ангелот на Викторијас Сикрет веќе има две ќерки – Валентина на 7 и Сиена на 5, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Марко Јариќ.

Меѓутоа, таа не открива која од нејзините двајца би сакала да продолжи со нејзината професија. Адриана изјави: “Имам потенцијален кандидат за сцената. Нема да наведам име, бидејќи може да се премисли и не сакам таа да биде жртва на притисок? Која и да биде одлуката, јас ќе ја поддржувам”.

Убавицата сака да биде добар пример за нејзините две девојки и да ги научи на “познавање на себеси”:

“Се чувствувам најубаво кога сум јас, изразувајќи ги моите чувства”. Таа, исто така, откри дека е задоволна од можноста да ги прикаже “зрелите жени” во модната индустрија.

Слични содржини