13-годишно дете загина во тракторска  несреќа во велешкото село Бузалково, кај месноста Врбица. Повредени се уште четири деца, а едното од нив е пренесено на КАРИЛ во Скопје.

traktor-4-

Несреќата се случи вчера попладне, на враќање од полето, кога трактор со децата и управуван од малолетник, се превртел и и ги поклопил децата.Загинатото дете заедно со уште две деца било седнато на предниот дел од тракторот, други четири деца се возеле во приколката.

Со повреди на ногата и стомакот доцна попладнето на скопскиот Ургентен центар е донесено едно од повредените деца во несреќата со тракторот .

Веднаш биле направени неопходните испитувања и снимања,по што детето на околу 10-11 годишна возраст е хоспитализирано на КАРИЛ каде е под надзор на дежурните лекари.

Несреќата се случил  околу 16,30 часот во атар на с.Бузалково кај местото викано .„Врбица“ З.С.(2002) управувајќи трактор на кој имало неколку деца изгубил контрола над него по што се превртеле во провалија.При незгодата на лице место починал В.А.(родено 2002 ), а повредени се Х.А.(2005), Џ.С.(2004) и Е.С.(2009)

Населението во Бузалково се занимава со земјоделство, па претпоставките се дека децата се превртеле кога се враќале од работа на полето.

Слични содржини