Едно лице повредено при експлозија во Херцег Нови

од Vladimir Zorba

Во близина на автобуската станица во Херцег Нови се случи експлозија во која едно лице е тешко повредено, објавија црногорските медиуми.

Инцидентот се случи кога експлодирало возило во движење, а возачот е повреден и е хоспитализиран.

Полицијата се уште ги испитува причините за инцидентот.

При експолизијата оштетени се и неколку возила, што биле во близина.

Слични содржини