Едно лице загина, а сопатникот со тешки повреди се лекува на Трауматологија

од desk4

Синоќа нешто 30-тина минути пред полноќ се случила тешка сообраќајка во Скопје, во која за жал едно лице починало на лице место.

Од МВР информира дека во 23.30 ч. на булеварот „Александар Македонски“,  се случила сообраќајна несреќа во која 36-годишниот Г.С. од скопско Марино, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална канделабра.

За жал, од здобиените повреди починал на лице место, додека неговиот сопатник,  38-годишниот З.М. од истото село,  се здобил со телесни повреди и со  возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде е задржан на лекување на Клиниката за Трауматологија.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.

Слични содржини