Ефикасен еликсир против лош здив

од Vladimir Zorba

Лошиот здив најчесто е предизвикан од бактерии кои ги оставаат своите траги во усната шуплина. Многу луѓе страдаат од лош здив и тоа автоматски не значи дека имаат лоша хигиена. Но, за жал – лошата хигиена е првата асоцијација на човекот од другата страна кога мирисот достигнува до неговиот нос.0d86cef4ffc6171fa8dbe06aaa3579f6
Доста веќе толку непријатни ситуации ! Ако страдате од лош здив и ви е преку глава да гледате искривени физиономии против себе, направете си домашен лек против лош здив !
Што ви е потребно:
2 лимони
1 чаша млака вода
½ лажичка цимет
1 лажичка сода
1 лажичка мед
c2b84960c5e25f2da283c2bc850fa1e6

Измешајте ги сите состојки и истурете ја смесата во шише. Можете да ги иситните претходно во блендер и потоа да ги истурите во шише или прво да ги поставите сите состојки во шише и конечно да ја налеете водата. Протресете го добро шишето за да се измешаат.

Користете го овој еликсир секојдневно како гаргара . Можете да го направите и во текот на работата, за да ги отстраните бактериите во вашата уста без да мора да џвакате мастики, да цицате штетни бонбони или да товарите со четка за заби и паста.

Сите овие волшебни состојки имаат својство да ги неутрализираат бактериите во усната шуплина и да го освежуваат здивот. Антибактериските својства на циметот, содата бикарбона и медот се исклучително силни. Лимонот со неговата лимонска киселина исто ги отстранува остатоците од храна, кои се распаѓаат помеѓу забите.

Слични содржини