Ефикасна домашна шеќерна депилација за летото

од Vladimir Zorba

Отстранувањето на влакната е најголемиот проблем на секоја жена во текот на летото. Во топлите месеци од годината женските нозе се на приказ, поради што мораме секојдневно да се бричиме. Тоа предизвикува непријатност, губи време, носи ризици од сечење и инфекции. Депилацијата е соодветен начин за долготрајно отстранување на влакна. Најдобро е да си ја подготвувате дома од природни производи, кои освен што ги отстрануваат влакната ефикасно, прават пилинг на кожата и ја негуваат.

Состојки за домашна депилација:
2 лажици сок од лимон, свежо исцеден
1 чаша кафеав шеќер турбинадо
2 лажици вода
пченкарен скроб во прав
метален сад
лонец, голем колку металниот сад да влезе во него за водена бања
ленти од ткаенина

Како да си ја приготвите пастата?
Ставете го сокот од лимон, шеќерот и водата во металниот суд во водена бања на шпоретот. Него ставете во тава со вода. Загрејте го полека до вриење. Потоа намалете ја топлината и оставете додека смесата не стане мазна и златна. Кога тоа ќе се случи извадете ги садовите од топлина и извадете го металниот сад со пастата. Нека се излади малку, за да не изгори кожата.

Додека се лади искористете го моментот да ги истриете нозете и да ги измиете. Така ќе спречите инфекции. По постапката исушете ги нозете и нанесете пченкарен скроб во тенок слој.

Нанесете со шпатула мала количина од шеќерната коламаска врз дел од нозете. Разнесете го со шпатула. Залепете парче ткаенина, почекајте неколку секунди, за да се стврдне малку смесата и повлечете го силно и остро наспроти растењето на влакната.

Кога ќе завршите со целите нозе, исплакнете ја кожата и исчистете во длабочина. За целта користете природно масло од јојоба или гроздови семки. Тие ќе го отстранат црвенилото и ќе ја смират кожата.

Слични содржини