Европската федерација на новинари цврсто го осудува нападот врз новинарот Саше Ивановски од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски, и бараaт од македонските власти, Пешевски да биде изведен пред лицето на правдата.

– Таковото однесување кон новинарите се крајно недозволиви. Насилство врз новинарите е насилство врз слободата и демократијата. Жртви на таквото насилство не се само новинарите, туку и граѓаните кои имаат право да бидат информирани од страна на медиумите, се вели во соопштението на ЕФЈ.ефј

Европската федерација бара неотповиклива оставка од Пешевски, бидејќи според нив, тој веќе не е достоен за функцијата во Владата.

– Бараме од јавниот обвинител Марко Зврлевски да започне истрага против Пешевски за нападот врз Ивановски, се вели во соопштението.

ИФЈ забележува дека ова не е прв напад врз новинарите во Македонија, и посочува на случајот со уредникот на НОВА, Борјан Јовановски, кој доби смртна закана во април годинава поради неговото критичко новинарство.

ИФЈ потенцира дека случајот со Ивановски ќе го пријави во проектот „Мапирање на слободата на медиумите“, кој го основаше Европската комисија и Советот на Европа.

Слични содржини