Египет: Смртна казна за 20 лица поради убиство на полицајци

од Vladimir Zorba

Египетскиот суд денеска ја потврди смртната казна за групата од 20 исламисти кои беа прогласени за виновни за убиство и поврзаност со смртта на 15 лица, меѓу кои 11 полицајци, во текот на нападот врз полициска станица во 2013 година.

Кривичниот суд во Каиро чека одобрување од големиот муфтија, а конечната пресуда ќе биде изречена на втори јуни.

Тие се осудени за напад врз полициска станица во близина на пирамидата во Гиза, по соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси.

Слични содржини