Египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси ги отфрли како пропаганда тврдењата дека огранок на Исламската држава е одговорна за уривањето на рускиот авион.

sisi

Неговата изјава уследи откако висок разузнавач на САД рече дека постои веројатност ИСИС да се вклучени во катастрофата на авионот на „Когалимавија“ во која погинаа 224 луѓе.

-„Такавата пропаганда на ИСИС за несреќата е еден од начините да се наруши стабилноста и безбедноста, како и имиџот на Египет“-рече Сиси за ББС.
-„Верувајте ми, ситуацијата во Синај, посебно на ова ограничено подрачје е под наша контрола и сите кои се заинтересирани, се добродејдени во истрагата“-рече тој.

Директорот на американската Национална разузнавачка служба Џемс Клапер изјави вчера дека не исклучува учество на Исламската држава воинцидентот, но дека мисли дека тоа е малку веројатно.

Експертите ги отфрлија тврдењата дека авионот го оборила ИСИС, со оглед на тоа дека летал на висина од 9000 метри, но не ја исклучуваат можноста во авионот да имало бомба.

Слични содржини