ЕХФ го објави составт на барабаните за жрепката за ЕП во Хрватска

од desk2

ЕХФ денеска го објави изгледот на четирите барабани од кои в петок ќе се влечат групите за групната фаза на ЕП во Хрватска. Македонија, според очекувањата, се најде во вториот барабан, заедно со селекциите на Данска, Белорусија и Шведска, што значи дека со овие три репрезентации нема да се сретнеме во групната фаза.


Хрватска, како домаќин, го искористи своето право да посочи четири селекции кои ќе настапат во четирите града во кои ќе се игра првенството, па Унгарија ја смести во Вараждин, Хрватска во Сплит, Словенија во Загреб, а Норвешка во Пореч. Се очекуваше дека Македонија ќе биде една од земјите со одреден град и најчесто се спомнуваше Вараждин како база на нашата репрезентација. Сепак, тоа не се случи, најверојатно затоа што во ЕХФ веруваат дека македонските навивачи во голем број ќе допатуваат каде и да игра Македонија.

Еве како изгледаат барабаните од кои в петок ќе се влече жрепката:
Барабан 1: Германија, Шпанија, Хрватска (Сплит) и Франција,
Барабан 2: Данска, Белорусија, Шведска и Македонија,
Барабан 3: Норвешка (Пореч), Србија, Црна Гора и Чешка,
Барабан 4: Унгарија (Вараждин), Словенија (Загреб), Австрија и Исланд.

Ждрепката ќе се влече в петок, 23 јуни, во коцнертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, со почеток во 19 часот.

Слични содржини