Албанија бележи стабилен напредок во примената на реформите, се посочува во годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

Albania

За да почне преговори за приклучување кон Унијата Тирана треба да ја заврши реформата во системот за владеење на правото, пишува во Извештајот. ЕК препорачува земјата да постигнува постојани резултати во истрагите и доаѓа до конечни пресуди во случаите на корупција и организиран криминал „на сите нивоа“, пренесува БТА.

ЕК инсистира на обезбедување поголема заштита на основните права, особено на правото на сопственост. Притоа се дополнува дека од суштинско значење за напредокот на патот кон ЕУ е обезбедување повеќе дијалог меѓу политичките партии.

ЕК препорачува дополнително зацврстување на јавната администрација и контрола врз трошењето на буџетските средства од локалните органи на власта.

ЕК забележува дека е неопходно Албанија да преземе мноштво измени во законодавството за да го сообрази со европското право.

На Албанија и се препорачуваат измени во транспортниот и електродистрибутивниот систем за да бидат поврзани со европските мрежи и политики.
/MИА

Слични содржини