Еврокомисијата изрази жалење што политичките партии не успеаја да се договорат за реформата на изборниот систем. Од името на Европската комисија Маја Коцијанчиќ инсистира новиот изборен закон да биде подготвен до крајот на денот

timthumb (3)

“Ние силно ги поттикнуваме лидерите на четири партии да постигнат договор за изборниот закон што е можно побрзо, пожелно е денес”, истакнува портпаролот на комесарот за проширување на Јоханес Хан.

Таа додаде дека сите точки од договорите на 2 јуни / 15 јули треба да бидат исполнети за да може изборите да се одржат идниот април, како што е запишано во договорот од Пржино.

Според неа промените во изборниот закон треба да се извршат брзо колку што времето тече и законот треба да стапи во сила пред април.

“Се знае дека тоа е процес кој бара време, и изборите треба да бидат подготвени”, посочи Маја Коцијанчиќ .

Успешното исполнување на договорите од летото, со кои беше ставен крај на политичката криза во Македонија, е исто така услов за изработката на нова, седма по ред позитивна препорака на Европската комисија за Македонија.

Оценката треба да биде дадена овој месец од Јоханес Хан, како што тоа ќе биде направено и за сите земји-кандидатки за ЕУ.

Според извори од Брисел препораката која првично требаше да биде направена на 14 октомври, потоа беше одложена за 21 октомври, а сега поради несогласувањата по реформата на изборниот закон може да биде одложена за уште една недела – односно за 28 октомври.

Слични содржини