Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места, по денешните експлозии на аеродромот Завентем во Брисел, и две експлозии во метрото во близина на ЕК4727431

– Институциите на ЕУ работат заедно за да осигураат безбедност на персоналот и просториите. Ве молиме да останете дома или во зградите, објави на Твитер, Кристалина Георгиева, еврокомесар за буџет, која е задолжена и за безбедносни прашања.

Зградите на Владата и на Парламентот на Белгија во Брисел се евакуирани.

Како што јавија локални медиуми тунелите во Брисел се затворени за сообраќај на возила, што е дел од мерките преземени од полицијата, по експлозиите на аеродромот.briselbomba8

Белгиското обвинителство веќе потврди за 13 загинати и 35 ранети во експлозиите во терористичкиот напад на аеродромот. Веднаш после тоа нови експлозии во метрото во Брисел до ЕК и до американската амбасада

Вонредна од Брисел! Бомбите во метрото убиле 10 лица

По улиците речиси нема луѓе. Пред парламентот има армија, која чува. Нивото на безбедност е највисоко. Ова го изјави пред bTV европратеникот Андреј Новаков , кој во моментов се наоѓа во зградата на Европскиот парламент во Брисел.20160322.kvpvckoghw

Трета експлозија во метрото во Брисел гоелм број на жртви ! (ВО ЖИВО)

“Се надевам дека она што се случува ќе биде катализатор на уште порешителни дејства против тероризмот. Навикнати сме дека овие работи се случуваат далеку од нас. Кога има армија, не стануваш мирен “, додаде тој.

Слични содржини