Европска комисија писмено доставила одговор на барањето на Јавното обвинителство на Македонија за обезбедување на меѓународен мониторинг на актуелните предмети во Скопје, јави телевизијата Телма повикувајќи се на дипломатски извори.

Информацијата за Телма ја потврдило и Обвинителството, од каде најавиле дека во понеделник ќе излезат со детали од писмото од ЕК.

„Ниту ЕК ниту Обвинителството засега не откриваат детали што точно е договорено и дали тоа ќе значи мониторинг за случајот „Пуч“, како и за кривичните пријави по објавувањето на прислушуваните разговори од СДСМ“, потсетува телевизијата.

Слични содржини