ЕК му порача на Рама да одржува добри односи со соседите

од Vladimir Zorba

Најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговорајќи на прашање како ја коментира изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за обединување на Албанија и на Косово.

Коцијанчич рече дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи.

– Како што е неодамна потврдено во Европскиот совет, регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива. За да ја постигнеме таа цел, соработуваме со сите партнери во регионот, без да се отстапи од принципот на помирување и на регионална соработка – рече Коцијанчич.

Рама вчера во интервју за бриселски „Политико“ изјави дека ако продолжи да бледее перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.

Ваквата изјава предизвика бурни реакции во Србија, каде изјавата се оценува како закана за мирот и уцена за ЕУ./META

Слични содржини