Турција се уште не ги исполнила европските барања за согласност со европската внатрешна политика.

4796360 Европската комисија ќе одобри утре условно воведување на безвизен режим меѓу Шенген зоната и Турција, соопшти извор на БиБиСи. Одлуката за укинување на визите треба да биде дел од договорот меѓу Турција и Европската унија за решавање на имиграциската криза, која се заостри  на крајот на минатата година. Голем број бегалци од различни земји во Блискиот Исток и Азија пристигнуваат во Грција од турското крајбрежје на Егејското Море, од каде го продолжуваат својот пат кон земјите од ЕУ. Во замена на безвизниот режим турските власти ќе треба да  земат  назад дел од мигрантите, кои застанаа во ЕУ и да преземат мерки за запирање на мигранткиот поток.

Турција се уште не ги исполнила европските барања за согласност со европската внатрешна политика, особено рамноправноста меѓу политичките сили, слободата на говорот и политичките права за малцинствата. Според упатени извори страните се договориле дека до 4 мај Турција мора да исполни 72 услови кои ќе и обезбедат обезбедување на безвизен режим. Сепак, дипломатите велат дека до денес се исполнети не повеќе од половина критериуми. / Интерфакс

Слични содржини