„Разговорите беа отворени и прецизни, но се уште не доведоа до конечен договор. Европската Унија ги повикува сите партии, за интересите на нивната земја и граѓани, да најдат одржлив политички компромис без одлагање и да ги поднесат конкретните предлози, кои се темелат на договорот од разговорите кои веќе се одржаа во Скопје на втори јуни.“, стои во соопштението кое после преговорите во Брисел го објави Европската Комисија.

ek

„Обврските од договорот кои ги презедоа лидерите на политичките партии треба да бидат имплементирани што е можно побрзо. Тоа е значајно за напредокот на земјата на евроатлантскиот пат. Европската комисија сега ќе разгледува како најдобро да земе учество во политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олеснува преговорите.“, се вели во крајот.

Еврокомесарот Јоханес Хан, пак, на својот твитер профил напиша:

„Сè уште нема конечен договор во преговорите за БЈР Македонија. Мошне сум разочаран од недостигот од одговорност и лидерство кај некои. Граѓаните заслужуваат повеќе: демократија, владеење на законот и европска иднина. Не се откажуваме!“

Слични содржини