Прислушуваните разговори во кои очигледно се вмешани високи владини функционери, ставаат на знаење дека има нарушување на фундаменталните права, мешање во судската независност, во слободата на медиумите, во изборите како и корупција”, изјави утринава комесарот за проширување Јоханес Хан пред пратениците од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент опишувајќи ја македонската криза како најсериозна од 2001 година досега, објави Нова тв.присушување

Според Европската комисија, преговорите за да се дојде до договор во Македонија покажаа уште еднаш дека во земјата постои политичка култура на поделба. Во годинешниот извештај ЕК потсетува дека сето тоа било кажано и минатите години па оттука е потребно да се применат препораките на ЕК кои се наоѓаат во документот под наслов „Итни реформски приоритети“ како и политичкиот договор и тоа со многу добра волја.

Слични содржини