Ekathimerini: Обама цели да создаде траен впечаток за време на својот говор во Атина

од Vladimir Zorba

download-3

Претседателот на САД Барак Обама планира да одржи говор, опишан од неговиот тим како “оставен завет”, за време на својата посета на Атина на 15-ти ноември, пишува Ekathimerini.
Иако деталите околу претседателската посета не се наведени до крај, претставници на Вашингтон покажуваат дека Обама има намера да одржи говор во Грција, слична на историскиот говор на претседателот Џон Кенеди при посетата на Берлин во 1962 година се очекува тој да зборува за демократијата и како таа издржа во Грција и покрај неодамнешните нејзини проблеми. Тој ќе ја нагласи потребата од олеснување на долгот на Атина, но така што тоа да не се смета како напад против германската канцеларка Ангела Меркел, која исто така ќе ја посети Грција по неговата посета. Извори од неговиот тим велат дека во неговиот говор ќе има порака и кон Турција, како и зборови за бегалската криза.
Се уште не е јасно дали првата дама на САД Мишел Обама ќе биде со својот сопруг за време на посетата.

Слични содржини