Почетна / Актуелно / Екатимерини: Две тони канабис се запленети на јахта во близина на Китира

Екатимерини: Две тони канабис се запленети на јахта во близина на Китира

Вчера грчката крајбрежна стража на островот Китира уапсиа двајца странци, еден Италијанец и еден Албанец, пишува Екатимерини. Апсењата беа извршени откако властите заплениле два тона канабис која што била сместена на јахта и пловела кона јужниот брег на островот.
Официјалните претставници на крајбрежната стража соопштија дека бродот ја напуштил Италија, а ја натоварил дрогата во Албанија и морал да стигне до егејските острови.