Еко-герила прозива -кој да одговара за депонијата во Тетово?

од Vladimir Zorba

 Движењето Еко-герила остро реагира на масовниот пожар што денеска ја зафати дивата депонија на влезот во Тетово. Според оваа невладина организација ова е кулминација на бавната смрт на идните генерации, која трае со години и не завршува.

„Итно бараме од надлежните институции да ги изведат пред лицето на правдата одговорните лица кои преку своите кривични дела сериозно го загрозуваат здравјето и животот на граѓаните.

По Југохром, главната причина за рак на животната средина во Тетово е оваа депонија. Гневот на граѓаните достигна вознемирувачко ниво поради долгото решавање на овој проблем. Затоа реакцијата ќе биде жестока и масовна“, порачаа од оваа невладина организација.

Слични содржини