„Еко – патрола“ ќе го чисти Градскиот парк

од desk4

  Еколошката младинска организација „Гоу Грин“ и Меѓународниот балкански универзитет денеска во Градскиот парк ја организираат акцијата „Еко – патрола“ по повод Денот на планетата Земја.

Целта на акцијата е студентите од Меѓународниот балкански универзитет заедно со членовите на еколошката организија „Гоу Грин” да ги соберат отпадоците коишто се неправилно фрлени во Градскиот парк.

„Еко патролата” ќе има за цел и да ги едуцира и опомени граѓаните кои несовесно ги фрлаат отпадоците низ Градскиот парк и да ги мотивира да се приклучат кон акцијата.

Вкупно 60 млади луѓе ќе учествуваат во денешната акција.

Акцијата е дел од глобалната мрежа за Денот на планетата Земја која што се одржува на 22 април насекаде во светот под мотото „Да ставиме крај на отпадот од пластика”.

Слични содржини