Поранешната фудбалска ѕвезда Ерик Кантона, кој се пробива во последниве години како актер, ќе игра во комедијата “Мажи сирени”.showbiz-eric-cantona-cannes

Британскиот филм раскажува за авантурите на машки тим за синхронизирано пливање (каква дисциплина за мажи всушност нема). Херојот на Кантона е вдовец кој собира неколку невработени несреќници и формира тим. Тој го прави тоа во спомен на починатата сопруга, која додека била жива, била шампионка во дисциплината.

Како што е ред, мажите сирени на крајот освојуваат аплауз од публиката и добиваат признание од судското жири. Дејствието се одвива во 80-тите години на XX век во Велика Британија, кога како резултат на новата економска политика на Маргарет Тачер многу Британци ја изгубиле работата. Режисер на филмот ќе биде Французинот Стефан Џусти.

Слични содржини