Екс министерот Ахметаи и уште 11 лица со телесни повреди, возачот на џипот и еден сопатник тешко повредени

од desk2

Две лица се тешко повредени, а уште 12 завршиле со телесни повреди во тешката сообраќајка што вчера околу 17 часот се случи на клучката од автопатот Табановце- Куманово и магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Од МВР потврдија дека во едно од возилата кои учествувале во сообраќајката бил и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи кој во сообраќајката се здобил со телесни повреди. Тешко повредени во несреќата се возачот кој го управувал џипот во кој се превезувал Ахметаи и уште еден сопатник.

Во тешката сообраќајка, според МВР учествувале автобус со гостиварски таблички управувано од Е.И (40) , џип Ренџ ровер со албански таблички управувано до М.М. и Рено лагуна со штипски регистерски ознаки управувано од Д.М. (38). До сообраќајката дошло кога возачот М.М. со Ренџ роверот движејќи се по магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во насока кон Куманово извршил престигнување на Рено лагуната кое се движело во ист правец и во насока продолжил со движење по средината на коловозот. Возачот со Ренџ роверот со предниот дел дирекно удрил во автобусот кој претходно движејќи се по автопатот Табановце- Куманово на клучката со магистрален пат Куманово- Крива Паланка, свртел на десно и се исклучил од автопатот, по што од ударот Ренџ роверот се превртел на коловозот и удрил во Рено лагуната.

По сообраќајката возачот на џипот М.М. и сопатникот Л.М. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени на Хируршкото одделение во кумановската болница по што поради сериозноста на повредите се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Останатите 12 лица, меѓу кои и поранешниот министер за финансии на Албанија Ахметаи се здобиле со телесни повреди. Во тешката сообраќајка, велат од МВР причинета е поголема материјална штета.

На местото на несреќата полициските екипи извршиле увид./МКД

Слични содржини