Министерството за правда го известило Основниот суд Скопје 1 дека конечно им се врачени поканите за судење и обвинителниот акт на тројцата екс директори на Македонски Телеком Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус за кои има покренато обвинение во 2011 година во Скопје. Но, обвинетите ги примиле поканите со задоцнување, па сега како што дознаваме, ќе мора да се направи нов обид да им се врачат дополнителни покани, пишува Призма.

Telekom_dosie-7-670x503

„За последната расправа која беше закажана за 11.09.2015 година од Министерството за правда со задоцнување, на 16.10.2015 година, до судот е доставено известување дека на обвинетите им се врачени обвинителниот акт и поканите за расправата, но бидејќи истите се однесуваат за веќе поминат термин за расправа судот закажа нов датум за крајот на ноември и испрати нови покани до странките“, соопшти за БИРН Дејан Ристовски, портпарол на Основниот суд Скопје 1.

Оттука, извесно е дека на судењето што треба да се одржи во текот на оваа седмица, нема да се појават тројцата обвинети, кои одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување и за кои е определен притвор од нивното пронаоѓање.

Ова ќе биде 11-то одложување на судскиот процес, во период од 4 години, поради отсуство на обвинетите за кои од 2008 година има распишано и меѓународна потерница.

Обвинението против тројцата ексдиректори на Македонски Телеком било поднесено во Основниот суд Скопје 1, во првата половина на 2011 година, а првото судење било закажано на 26 октомври 2011 година. Но, сите судења во овие 4 години биле одложувани поради отсуство на обвинетите.

Од почетокот на 2011 до 18 март 2015 година, постапката ја водел еден судија, а од март оваа година, тој е префрлен кај еден од новоизбраните судии во скопскиот суд.

Според податоците што ги обезбеди БИРН, првиот судија, кој го закажал судењето на 26 октомври 2011 година по покренување на обвинението, закажал судења и на 15-ти февруари, 30 мај и 24 декември 2012 година, потоа две рочишта во 2013 година, на четврти март и втори септември, па две рочишта во 2014 година, 12 февруари и први септември и годинава едно рочиште во март , но на ниту едно од нив не се појавиле обвинетите, ниту пак има информација зошто немало предлог од обвинителството да им се суди во отсуство.

Шест месеци рок за доставување покана за судење

Од март годинава предметот бил префрлен кај друг судија, избран пред неполни две години, кој закажал судење за 11 септември, но овој пат судењето беше одложено поради болест на судијата.

„Судењата биле закажувани со ова темпо, по 2 до 3 пати во текот на годината бидејќи судот барал со замолница преку Министерството за правда на Република Македонија, по дипломатски пат, на обвинетите да им се достават обвинителен акт и покана за расправа, преведени на нивниот јазик, во матичната земја на адресите што се дел од списите на предметот. За реализирање на меѓународна замолница се потребни 6 месеци, а тој процес воопшто и не е во надлежност на судот“ ни објасни портпаролот на судот Дејан Ристовски.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини